ДА СЕ ПРЕТСТАВИМЕ
ВИНК РАДИО е мултиканален интернет стриминг медиум кој непрекинато емитува програма од 11.04.2017 година до денес. Работиме во професионалнo студио ( Нов Зеланд на дигитална опрема која продуцира висока резолуција на звук (HD). Стриминг серверите се хостирани на најдобриот европски хостинг провајдер кој е лоциран во,Соединетите Американски Држави и преку него можат истовремено да не слушаат неограничен број слушатели што е единствен ваков пример во нашата држава, притоа имаме целосна и детална статистика за нашата моментална, неделна, месечна и годишна слушаност.
Нашиот тим е составен од искусни и посветени професионалци кои имаат 20 годишно радио искуство. Во нашата програма емитуваме балканска забавна, народна и евергрин музика. Приоритет даваме на ретро музиката, но исто така се следи и најновата балканска музика. Емитуваме емисии во живо со забавен, едукативен, информативен, љубовен и хумористичен карактер. Исто така во нашата програма имаме однапред одредени термини за емитување на рекламни спотови на фирми и бизниси.
Достапни сме за слушање секаде во светот 24/7 на интернет преку нашата веб страна: www.vinkradio.com ,преку нашaта Андроид апликација која е достапна за симнување на Google Play Store и App Store. Нашата програма ја реемитуваат многу радио провајдери и портали ширум светот.
Во склоп на нашиот медиум функционираат три аудио стриминг канали кои се разликуваат по својот музички жанр.
Нашиот радио проект е одлично прифатен од нашите слишатели чија лојалност и бројка секојдневно се зголемува.
Секогаш сме отворени за соработка со сите добронамерни, достојни и доверливи субјекти во кои Ве вбројуваме и Вас. Токму поради овој факт Ви нудиме можност за соработка и Ви ја приложуваме нашата понуда за рекламирање во нашата програма.
За подетални информации:kontakt@vinkradio.com
Со Почит
Винк Радио
