ДА СЕ ПРЕТСТАВИМЕ
ВИНК РАДИО е мултиканален интернет стриминг медиум кој непрекинато емитува програма од 11.04.2017 година до денес. Работиме во две професионални аудио студија (Скопје, Нов Зеланд на дигитална опрема која продуцира висока резолуција на звук (HD). Стриминг серверите се хостирани на најдобриот европски хостинг провајдер кој е лоциран во,Соединетите Американски Држави и преку него можат истовремено да не слушаат неограничен број слушатели што е единствен ваков пример во нашата држава, притоа имаме целосна и детална статистика за нашата моментална, неделна, месечна и годишна слушаност.
Нашиот тим е составен од искусни и посветени професионалци кои имаат 20 годишно радио искуство. Во нашата програма емитуваме балканска забавна, народна и евергрин музика. Приоритет даваме на ретро музиката, но исто така се следи и најновата балканска музика. Емитуваме емисии во живо со забавен, едукативен, информативен, љубовен и хумористичен карактер. Исто така во нашата програма имаме однапред одредени термини за емитување на рекламни спотови на фирми и бизниси.
Достапни сме за слушање секаде во светот 24/7 на интернет преку нашата веб страна: www.vinkradio.com ,преку нашaта Андроид апликација која е достапна за симнување на Google Play Store и App Store. Нашата програма ја реемитуваат многу радио провајдери и портали ширум светот.
Во склоп на нашиот медиум функционираат три аудио стриминг канали кои се разликуваат по својот музички жанр.
Нашиот радио проект е одлично прифатен од нашите слишатели чија лојалност и бројка секојдневно се зголемува.
Секогаш сме отворени за соработка со сите добронамерни, достојни и доверливи субјекти во кои Ве вбројуваме и Вас. Токму поради овој факт Ви нудиме можност за соработка и Ви ја приложуваме нашата понуда за рекламирање во нашата програма.
За подетални информации:kontakt@vinkradio.com
Со Почит
Винк Радио
